Утрински Весник
Свет

Потврден притворот за Хашим Тачи

Потврден притворот за Хашим Тачи
Dik 300x250 mk

Советот на Апелациониот суд во Хаг го потврди притворот за поранешниот главен командант на ОВК, како и за другите началници на таа паравоена единица.

На 30 април советот донесе четири решенија со кои се одбиени жалбите на одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против одлуките на судијата на претходна постапка, со кои се одбиени четирите барања за привремено ослободување.

Во февруари Тачи и останатите тројца побараа од судијата на претходна постапка да им го укине притворот и да ги ослободи привремено, што судијата го одби и тие поднесоа жалби.

Сите четворица беа уапсени на 5 ноември минатата година. Тачи претходно поднесе оставка од претседателската функција и се предаде на Хашкиот трибунал.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени. Сите се соочуваат со доживотен затвор.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи