Џенова, 12 март 2020 (МИА) – Мануеле Габијадини е позитивен на Ковид-19, соопшти фудбалскиот клуб Сампдорија. Тој е втор фудбалер кај кого е дијагностициран вирусот по стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани.
– Тој има мала треска, но добро се чувствува. Ги презедовме сите активности за негова изолација, наведе калчолигашот од Џенова.
Габијадини е стрелец на седум гола за Сампдорија во оваа сезона. Во кариерата претходно играше и за Наполи, за Болоња и за Саутемптон.
Натпреварите во Серија А се суспендирани најмалку до 3 април. сѓд/гт/