Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Потврдено: Ако не се вакцинира Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Потврдено: Ако не се вакцинира Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен
Img 7972

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира.

Министерот за имиграција во владата на Австралија, Алекс Хок, ги потврди пишувањата на медиумите, дека невакцинираните нема да можат да влезат во Австралија.

„Добивме совет од нашите здравствени работници и нашите здравствени советници, да не ги пуштаме во државата луѓето кои не примиле две дози од вакцината“, рекол Хок и дополнил.

„Немам порака за Новак Ѓоковиќ. Имам порака за сите оние што сакаат да дојдат во Австралија, па и за него. Ќе мора да биде вакциниран со две дози“.

Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, ќе се одржи од 17. до 30.јануари 2022 година.

> Потврдено: Ако не се вакцинира Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН