Утрински Весник
Македонија

Потврдени 54 нови случаи на Ковид 19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени

Потврдени 54 нови случаи на Ковид 19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г), информираат од Министерството за здравство.

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 329, Куманово – 236, Дебар – 49,    Штип-28, Прилеп –85,Тетово – 38, Струга – 43, Велес – 34,  Битола – 9, Охрид –4, Кавадарци – 3,      Гостивар –9,  Гевглелија – 4, Струмица – 2,  Крива Паланка-3, Радовиш – 4,  Крушево – 3, Кочани – 22,     Пробиштип – 2 и во   Кичево – 1 пациент.

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат два позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19, соопшти Министерство за здравство. дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа