Утрински Весник
Македонија

Потврдени 175 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 18 пациенти

Третина од заболените без никакви симптоми

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2. Починаа пет пациенти од кои тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г.). Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60 г.) примена на 5 јуни, пациент (64 г.) примен на 8 јуни и пациент (59 г.) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г.) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1592, активни 960
•       Куманово 597, активни 179
•       Дебар 53, активни 2
•       Штип 227, активни 187
•       Прилеп 222, активни 27
•       Тетово 317, активни 147
•       Струга 111, активни 36
•       Велес 149, активни 29
•       Битола 30, активни 3
•       Охрид 46, активни 29
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 54, активни 31
•       Гевгелија 6, активни 2
•       Струмица 7, активни 4
•       Крива Паланка 7, активни 1
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 53, активни 22
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 2,
•       Пехчево 3,
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 3, активни 2
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 5, активни 4
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 1, активни 1
•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Клиникан „Жан Митрев“ –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137.  Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

•       Чаир-209
•       Бутел-76
•       Аеродром-75
•       Гази Баба-75
•       Центар-73
•       Карпош-72
•       Сарај-64
•       Кисела Вода-43
•       Ѓорче Петров-35
•       Шуто Оризари-26
•       Студеничани-24
•       Арачиново-24
•       Илинден-19
•       Петровец-6
•       Чучер Сандево-4
•       Сопиште-2
•       Странец-2. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија