Утрински Весник
Свет

Потврдена мини реконструкцијата на Европската комисија

Потврдена мини реконструкцијата на Европската комисија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европскиот парламент на пленарната седница во Брисел ја потврди мини реконструкцијата на составот на Европската комисија предизвикана од заминувањето на ирскиот комесар Фил Хоган.

Комесарот за трговија, Хоган, поднесе оставка на крајот на август поради кршење на епидемиолошките мерки што се во сила во Ирска, а кои се воведени за борба против коронавирусот.

Неговиот ресор – трговија е доделен на извршиот потпретседател Валдис Домбровскис, а Ирска ја испрати Мајрид Мекгинис, сегашна потпретседателка на Европскиот парламент, како замена за Хоган.

Мекгинис е назначена за комесар за финансиска стабилност и пазари на капитал.

Ресорот трговија е еден од најважните во Европската комисија. Пред Домбровскис е тешка задача, меѓу другото, затоа што ќе мора да работи на намалување на тензиите со САД и да се справи со идните односи со Велика Британија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција