Утрински Весник
Македонија

Постои ризик да се соочиме со нов силен бран на Ковид, вели министерот Филипче

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати

Соочени сме со огромен ризик во претстојниот период да имаме нов силен бран на Ковид, и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници, изјави министерот за здравство Венко Филипче пред почетокот на состанокот со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Филипче се надева оти претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е важно да се усвојат новите мерки кои ќе се најдат на седница на Владата.

Согласно мерките на Комисијата за заразни болести, се предлага сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа, за да одат на работното место, да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР-тест не постар од 72 часа на своја сметка, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда дека не можат да примат вакцина поради здравствени причини.

Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Во врска со барањето на синдикатите за бесплатен брз антигенски тест или тие кои го прележале вирусот наместо не постара од 45 дена да приложат потврда за шест месеци, Филипче изјави дека не секој има соодветен имунитет после прележувањето. Тој е дециден дека граѓаните треба да се вакцинираат. Јасен е ставот и на Светската здравствена организација и на релевантните научни институции, вели министерот, дека вакциналниот имунитет е тој кој долго трае и кој штити, нема контраиндикација за рано вакцинирање после прележана болест.

Филипче додаде дека здравствените работници треба да се пример како се штити сопственото здравје.

 

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР