Утрински Весник
Македонија

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

При тоа, на средбата присуствувале и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион.

На средбата присутните, изразиле подготвеност за заедничко решавање на проблемот и се согласиле градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино.

Засегнатите страни исто така се согласиле за Регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање на нова локација во рок од пет години, да биде одобрен од сите општини во Регионот.

„При тоа е нагласена суштинската важност на усвојување на Регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и Општина Гостивар што е предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот. Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затварање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот,“ се вели во соопштението на МЖСПП.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер