Утрински Весник
Македонија

Постапка против дилер од Гостивар фатен со полн ранец хероин

Постапка против дилер од Гостивар фатен со полн ранец хероин

Обвинителството започна истрага против 52-годишен жител на Гостивар, за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот на 24. декември минатата година, неовластено заради продажба пренесувал хероин со вкупна тежина од 4.461 грам.

Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20 часот на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин.

Бидејќи постои страв дека осомничениот ќе го повтори делото, како и со оглед на видот и количината на пронајдената дрога, која укажува на добро воспоставени криминални врски, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Миноски: ДДВ-прагот во Македонија е двојно понизок од регионот – време е за корекција

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“- владата на Мицкоски го потврди она што го говори СДСМ 

Над 600 прекршоци констатирани на првиот ден со ,,Безбеден град”