Утрински Весник
Македонија

Поставено знамето на ромската заедница по повод 8 Aприл

Поставено знамето на ромската заедница по повод 8 Aприл
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 8 април 2020 (МИА) – По повод 8 Aприл – Меѓународниот ден на Ромите, симболично во Тетово беше поставено знамето на ромската заедница на јарболите пред општинската зграда. Поради ситуацијата и мерките за заштита од коронавирус други активности нема во општината.

-Од мое име и во име на граѓаните на Општина Тетово, чувствувам особено задоволство да им честитам на нашите сограѓани Роми, по повод 8 април – Меѓународен ден на Ромите.На овој ден го препознаваме и воздигнуваме богатото културно наследство и придонесот на ромските граѓани во нашето општество, се вели во честитката на градоначалничката Теута Арифи.

Минатата година по повод Меѓународнион ден невладини организации организираа Марш на достоинството и гордоста.ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата