Утрински Весник
Македонија

Поставени 12 уреди за хранење на бездомните животни во Бутел

Поставени 12 уреди за хранење на бездомните животни во Бутел

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Општина Бутел заедно со здружението „Амос Шелтер“ денеска постави 12 уреди за хранење на гладните и бездомни кучиња, на сите фрекфентни локации во населбите на општината.

Целта на иницијативата, како што соопштија денеска општинските власти, е да им се помогне на животните да ги надминат овие тешки времиња.

Од Ппштината информираат дека секојдневно ќе вршат достава на храна за бездомните кучиња на локации каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена, а поголем дел од рестораните се затворени.

– Во овие тешки времиња, кога многумина внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во населбите на општината, соопштуваат од општината.

Оттаму посочуваат дека ова ќе биде една од многуте иницијативи во иднина каде ќе се обидат да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош