Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поставени патокази и информативни табли на Водно и Скопска Црна Гора

Поставени патокази и информативни табли на Водно и Скопска Црна Гора
Img 7972

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка, во рамки на пилот проект за означување на планинарски патеки на планината Водно и една планинско велосипедска патека на Скопска Црна Гора, постави патокази и информативни табли со основни информации за патеките на Водно, како и велосипедската патека на Скопска Црна Гора.

На овој начин сите посетители, спортисти, рекреативци ќе имаат основни информации за името на патеката, нејзината должина, и висинскиот профил, со што ќе се олесни изборот на патеката по која ќе може да се рекреираат во согласност со нивната психофизичка состојба.

Поставени се 42 патокази на планинарските патеки на Водно, 12 патокази на велосипедската патека на Скопска Црна Гора, шест информативни табли на Водно (на патеките Словенска патека, Средно Водно, Македонско село – Г. Нерези, Матка (кајакарски мост), Врв Водно, Горно Соње), како и две информативни табли на планинско велосипедската патека (манастир. Св. Никита и манастир Св. Илија).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места