Утрински Весник
Македонија

Поставени лежечки полицајци пред ООУ „Војдан Чернодринскиж“

Поставени лежечки полицајци пред ООУ „Војдан Чернодринскиж“

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Општина Карпош постави два нови „лежечки полицајци“, на улицата „Дрезденска“ пред основното училиште „Војдан Чернодрински“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“ (Млечен), со цел зголемување на безбедноста на учениците.

Како што соопшти Општина Карпош на овој потег, неодамна е променет  и сообраќајниот режим, при што доминантни се еднонасочните улици, чија цел е намалување на метежот и брзината на движење на учесниците во сообраќајот. Поставени се нови 300 собраќајни знаци, како и хоризонтална сигнализација.

Во соопштението се наведува дека локалната самоуправа во изминатиот период постави „лежечки полицајци“ пред повеќе основни училишта и градинки и дека следува ваков тип сигнализација и пред ООУ „Петар Поп Арсов“, во Карпош 4.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крилото на Села преминува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски