Утрински Весник
Македонија

Поставени звучни сигнали на семафори во централното подрачје на Скопје

Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на денот поставиле осум звучни сигнали за лица со нарушен вид на семафорите на крстосниците булевар Партизански Одреди пешачки премин „Сити Мол“, булевар Илинден кај Матичната служба и на улицата Димитрие Чуповски, пешачки премин „Рекорд“.

Како што информираат од јавното претпријатие, обележани се и такси станици на неколку улици и тоа Народен Фронт кај цветниот пазар, улица Аминта Трети, булевар Мајка Тереза, булевар Свети Кирил и Методиј и пред поликлиника „Јане Сандански“ со вкупен капацитет од 31 возило.

На улицата Димитрие Чуповски санирана била површина на оштетувања во асфалтот од 15 квадратни метри.

Во извештајот се наведва дека ова е дел од работните активности предвидени за големата пролетна акција на ЈП Улици и патишта.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат