Утрински Весник
Македонија

Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром за олеснето одвивање на сообраќајот

Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром за олеснето одвивање на сообраќајот

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Поставени се заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, кај кафеаната „Еквириблиум“ со што се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината.

Општина Аеродром воедно, најавуваат дека во наредниот период ќе бидат поставени уште околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, и тоа на следниве локации: ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 30,  бул. „Трета македонска бригада“ бр. 41,  ул. „Пандил Шишков“ бр. 1, на ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2, ул. „1612“ бр. 1 и на ул. „1613“ бр. 2.

Со поставувањето на столпчињата ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот, наведуваат од Општина Аеродром. вг/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Викендов краткотрајно ќе имаме многу повеќе сонце, ќе биде и потопло!

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи за процесот на ветинг на нејзините функционери

ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола