Утрински Весник
Македонија

Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк.

dobivaj vesti na viber

„ Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра.

Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел“ велат од јавното претпријатие.

Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри.

Во наредниот период службите од Градот Скопје ќе извршат обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, ќе се обноват нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници.

Можете да прочитате

Го убил татко му па лажел дека паднал во бањата, уапсен млад гостиварец

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

СДСМ: Дали по поразот може и Орбан заедно со Груевски да дојде во Македонија?