Утрински Весник
Македонија

Поставена барака на градскиот плоштад во Гостивар за идниот инфо центар за туристите

Поставена барака на градскиот плоштад во Гостивар за идниот инфо центар за туристите

Гостивар, 5 јуни 2020 (МИА) – Бараката која од вчера е поставена на градскиот плоштад е идниот туристички промотивен инфо центар и наскоро треба да биде ставен во функција. Од гостиварската локалната самоуправа потврдија дека станува збор за заокружување на проект за подобрување на туристичката понуда и доби поддршка од Советот на општината.

Монтажниот објект е еден од неколкуте планирани „паметни инфо промо центри“ (Smart Tourist Info amd Promo Offices). Такви се предвидени и во Тетово и Маврово Ростуше, а ќе бидат поврзани преку заедничка платформа со инфо центри од Косово и Албанија. Планирано е вработување на четири лица, кои ќе работат во две смени.

Советот минатата година во април изгласа и одлука за покривање на трошоците за негово функционирање на годишно ниво, ќе треба да се издвојат околу 35 илјади евра.

Информацијата за МИА ја потврди градоначалникот на општина Гостивар во прашање за коментар околу прозивките кои се појавија по социјалните мрежи дека бараката е негова сопственост и ја злоупотребува функцијата. Тој ги отфрла таквите наводи и ги оцени како кампања која ја водат неговите политичките опоненти.

– За ова има еден прецизен израз: лажна вест. Ме зачудува како моите политички опоненти не се информирани дека и тие во советот гласаа за овој проект. Во спротивно тогаш намерно сакаат да прикажат дека локалната власт врши злоупотреби. Верувам дека како и сите лажни вести и оваа ќе има краток ефект. Проектот е за промоција на локалната труристичка понуда и се реализира со поддршка на Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Центарот за развој на полошкиот регион, изјави за МИА Таравари.

По социјалните мрежи се прошири информација дека бараката е дивоградба, сендвичара во сопственост на градоначалникот Таравари. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон