Утрински Весник
Македонија

После 19 години, изграден нов Воспитно поправен дом во Тетово

После 19 години, изграден нов Воспитно поправен дом во Тетово

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Штитениците од Воспитно поправниот дом „Тетово“ добиваат нов дом – од малолетничкиот затвор „Охрид“, тие ќе може да почне да се преселуваат веќе од понеделник. Воспитно поправниот дом е со капацитет од 110 лица. Вкупната нето површина на објектите е на околу 3.500 м2.

-Првенствено, изградбата на новиот дом  е значајна од аспект на тоа што ова е комплетно нова воспитно-поправна установа со чија изградба  трајно е решен долгогодишниот – 19 годишен проблем за сместување на малолетниците на кои им е изречена воспитно-поправна мерка. Во новиот воспитно поправен дом се создадени сите услови за задоволување на меѓународните стандарди за функционирање, работење и спроведување на воспитно поправниот процес со целосно почитување на правата на децата, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Вкупната вредност на изградбата изнесува 253.582.000,00 денари, а изградени се три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2.

Покрај сместувачките објекти изграден е Административен блок со нето површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата. За работно ангажирање на штитениците изграден е објект со две работилници и гаражи.

Воспитно-поправниот дом е затворен комплекс со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичана ограда, шеталишта, со спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Покрај изградбата на Воспитно поправниот дом „Тетово“, Управата за извршување на санкциите во текот на овој месец успешно ја заврши и реконструкцијата на Затворот „Битола“, но и изградбата на нова судница во рамките на КПД „Идризово“. сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа