Утрински Весник
Свет

Последиците од војната во Украина ќе траат со децении, предупреди портпаролот на Ердоган

Последиците од војната во Украина ќе траат со децении, предупреди портпаролот на Ердоган

Влеговме во нова ера на студена војна. Последиците од оваа војна ќе траат со децении, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

Калин ја даде својата мрачна прогноза на „Твитер“ додавајќи дека украинската криза продолжува да се продлабочува, а потрагата по нова рамнотежа на силите, заедно со пресметки за краткорочни придобивки, според него, ќе предизвикаат на среден и на долг рок големи стратешки загуби и човечки страдања.

„Влеговме во нова ера на студена војна. Последиците од оваа војна ќе траат со децении“, изјави Калин.

Можете да прочитате

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа