Утрински Весник
Свет

Послаб земјотрес во Албанија, регистриран и во Црна Гора

Послаб земјотрес во Албанија, регистриран и во Црна Гора

Сеизмологијата на црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија утрово околу 04.50 часот регистрираше помал земјотрес во Црна Гора, со епицентар на шест километри јужно од градот Коплик во Албанија.

Според подгорички „Вијести“, јачината на земјотресот во хипоцентарот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот од 4 степен од Меркалиевата скала (МЦС).

„Според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на длабочина од 20 километри. Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Сеизмологијата.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада