Утрински Весник
Македонија

Посета на Амбасадорката на Јапонија во ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод по повод успешно завршен проект

Img 08

По повод успешно реализираниот проект за подобрување на здравствените услови во Здравствен дом Македонски Брод амбасадорката на Јапонија го посети Здравствениот дом и заедно со Директорот на установата разговараа за огромните бенефити од оваа донација. Амбасадорката Кеико Хенеда и Директорот Д-р Жарко Симески во кругот на болницата засадија Јапонска цреша во знак на пријателство меѓу Јапонскиот народ и Република Северна Македонија. Тие го изјавија следното:

Кеико Хенеда: Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам во Македонски Брод. Импресионирана сум од природните убавини на овој регион. Нашата поддршка е сконцентрирана на тоа да граѓаните го подобрат квалитетот на нивниот живот. Ние јапонскиот народ сме многу среќни како пријатели на македонскиот народ за сите граѓани на Македонски Брод што ќе имаат бенефит од овој проект.

Жарко Симески: Огромна Благодарност до Јапонската влада и јапонскиот народ за нивната соработка и целосна подршка за реализирање на проектот за подобрување на медицинските услови во Здравствениот дом во Македонски Брод. Благодарение на вашата донација оваа установа е целосно реконструирана и доби еден нов изглед и подобри услови за работа како за персоналот така и грижа на пациентите во услови кои тие ги заслужуваат. Се надеваме на понатамошна успешна соработка.

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење