Утрински Весник
Свет

Португалија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ

Португалија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ

Португалија од денеска го презема шестомесечното претседавање со Советот на ЕУ под мотото „Чесни, зелени и дигитално опоравување“.

Климатската и дигитална транзиција и засилување на стратешката автономија на ЕУ се приоритети кои Лисабон ги зацрта во својата агенда, со напомена дека доаѓа време за реализација на сите „револуционарни одлуки“ донесени во текот на германското претседавање.

Португалија по четврти пат ќе се најде на оваа функција, втор пат во формација т.н. „петседателско трио“ кои ја сочинуваат уште и Германија како претходник, и Словенија како следбеник.

Во Лисабон нагласуваат дека следниот период ќе биде одбележано како почетокот на примена на пакет за опоравување на ЕУ после кризата со пандемијата на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: САД треба да се откажат од „јазикот на ултиматуми“ кон Иран

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Украина ги отфрла обвинувањата дека е поврзана со откриениот експлозив во Србија