Утрински Весник
Македонија

Портпаролката на ЕУ: Фон дер Лаен зборуваше за јазикот користен од луѓето во Северна Македонија

Dik 300x250 mk

Заменичката-портпаролка на Европската комисија, Дана Спинант денеска како одговор на прашање за вчерашните зборови на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лаен изјави дека нејзините вчерашни зборови во македонското Собрание значат дека таа зборува за „јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик“.

dobivaj vesti na viber

„За импликациите кои ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како на пример Договорот за Фронтекс јас ќе прашам. Проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве известам“, изјави Спинант.


EC AV Player

На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант додава дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лаен.
„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“, рече таа.

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни