Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Портер со 50 поени влезе во историјата на НБА

Портер со 50 поени влезе во историјата на НБА
300x250 opst2

Кевин Портер јуниор го обележа натпреварот помеѓу Хјустон Рокетс и Милвоки Накс (143:136). 20-годишникот, кој неодамна беше казнет со 50.000 долари, поради непочитување на здравствените протоколи, бидејќи посетил стриптиз-бар во Мајами, го одигра натпреварот на кариерата.

Портер јуниор, ги предводеше Хјустон со 50 поени и 11 асистенции. Тој погоди девет тројки од 15 обиди. Портер јуниор стана најмладиот играч на Хјустон со постигнати најмалку 50 поени на еден натпревари и најмлад играч во историјата на НБА лигата, со учинок од најмалку 50 поени и 10 асистенции.

Досега овој рекорд го држеше Леброн Џејмс.

Портер е само втор играч на Хјустон со ваково остварување. Пред него натпревар со најмалку 50 поени и 10 асистенции одиграл само Џејмс Харден.

Оваа сезона само Никола Јокиќ и Демијан Лилард одиграле натпревар со најмалку 50 поени и 10 скока или асистенции.



> Портер со 50 поени влезе во историјата на НБА <

Можете да прочитате

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026

Почина легендарниот ракометен тренер Илија Темелковски