Утрински Весник
Македонија

Порталб: Утре ќе се бира претседател на Врховен суд помеѓу Адеми, Неделкова и Саити

Цоневска: Министерството за правда внимателно да го утврди моделот за деполитизација на судството

Судскиот совет на Северна Македонија, утре во 10 часот ќе одржи седница на која ќе биде избран претседател на Врховниот Суд, известува Порталб.мк. Кандидати за местото претседател на Врховен се врховните судии Беса Адеми, Лидија Неделкова и Џемали Саити.

Од тројцата кандидати, помалку позната за јавноста е Беса Адеми. Од Апелациониот во Врховен дојде пред 16 години. И претходно, во 2017 година, конкурирала за оваа позиција, но тогаш е одбран Јово Вангеловски. Нивните патишта се вкрстија повторно по три години, во март 2020, кога Беса Адеми го водеше Советот на Врховниот Суд што го потврди разрешувањето на Вангеловски.

Од друга страна, судијата Саити е веќе 4 години во Врховниот Суд, а паралелно е и претседател на судското Здружение.

Лидија Неделкова претходно била на чело на Врховниот Суд, а била и претседателка на Кривичниот Суд.

И Неделкова беше во трката за шеф на Врховниот во 2017 година. Таа беше една од тројцата судии на Советот што пред 12 години му изрече мерка притвор на Зоран Заев за случајот „Глобал“. Неделкова беше озборувана во прислушуваните разговори објавени во времето на Груевски, по што македонското судство го доби прекарот „Сваровски“.

Услови за избор на новиот претседател на Врховниот Суд

Според Законот за судовите, претседател на судот се избира од редот на судиите во Северна Македонија, како што се избира судија во соодветен суд, во овој случај Врховниот Суд. Претседателот на Врховниот Суд се избира за времетраење од четири години, со можност за втор избор на истата функција за четири дополнителни години.

За претседател на судот се избира судија кој во последните две години бил оценуван со висока позитивна оценка од Судскиот совет, а во споредба со останатите кандидати треба да има повисок број на поени, согласно законот. Претседателот на Судот има статус и функција на прв судија во соодветниот суд. Кандидатот за претседател на Судот, со пријавата и другите документи приложува програма за работа во текот на неговиот мандат.

Огласот за избор на претседател на Судот, Судскиот совет на Северна Македонија го објавува два месеци пред истекот на мандатот на претседателот во заминување. Од пријавените кандидати кои ги исполнуваат потребите и условите, Судскиот совет најмногу два месеци по објавувањето на огласот избира претседател на Судот.

Претседателот на судот којшто нема да биде повторно избран во истата функција, ќе продолжи да работи како судија, во судот во кој претходно ја вршел судската функција.

Услови:
1. Да е државјанин на Северна Македонија;
2. Активно да го говори македонскиот јазик;
3. Да биде работоспособен и во добра здравствена состојба, за што се вршат лекарски проверки;
4. Дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование во правните студии со просек од најмалку 8 или да биде дипломиран правник со 300 кредити според ЕКТС, со просек од најмалку 8;
5. Да има положен правосуден испит во Северна Македонија;
6. Активно да познава еден од трите јазици на Европската Унија (англиски, француски и/или германски);
7. Работа со компјутер;
8. Да ужива углед, интегритет за вршење на судската функција и да поседува социјални вештини за вршењето на судската функција, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тест.

За судија во Врховниот Суд може да биде избрано лице кое има најмалку шестгодишно работно искуство без прекинат судски стаж во Апелациониот Суд до моментот на пријавување за избор и во последната година да е оценет со висока оценка, во споредба со останатите кандидати.

Од 10 септември 2019 година, позицијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, продолжува да ја држи Фаик Аслани. Законски, оваа позиција, Аслани има право да ја врши најмногу една година.

Судскиот совет на седницата одржана на 10.09.2019 година едногласно го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски поради непрофесионално и неодговорно работење во службата. На истиот состанок беше разрешена и врховната судијка Рахилка Стојковска. Една од причините беше одлуката со која беше поништен притворот за Сеад Кочан, обвинет во предметот „Труст“ и му се овозможи да не оди во притвор.

Вангеловски поднесе жалба, но Врховниот суд ја одби жалбата бидејќи ја оцени како неоснована и со тоа ја потврди одлуката на Судскиот совет. Со оваа одлука Вангеловски беше и официјално разрешен од должност.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер