Утрински Весник
Економија

Пораст на прометот во индустријата во февруари

Индустриското производство во јануари со раст од 0,3 отсто
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Прометот во индустријата во февруари бил зголемен за 3,5 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан кај Интермедијарните производи освен енергија и кај Капиталните производи за 2,6 проценти, како и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти. Опаѓање има кај Tрајните производи за широка потрошувачка за 9,2 проценти.

Во однос на јануари годинава, прометот во индустријата бележи пораст од 0,3 проценти, а зголемување за 7,7 проценти има и во периодот јануари-февруари годинава во однос на истиот период лани.

Прометот во индустријата е зголемен како на домашниот, така и на странскиот пазар во однос на февруари лани. Така, зголемување од 1,8 проценти има на домашниот пазар, а на странскиот пазар зголемувањето е за 3,8 проценти.

Во однос на јануари годинава, зголемувањето на домашниот пазар е 14,6 проценти, а кај странскиот пазар се забалежува намалување од 2,6 проценти.

Во периодот јануари-февруари годинава прометот во индустријата на домашниот пазар е зголемен за 4,7 проценти, а на странскиот пазар за 8,1 процент. бак/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Додека граѓаните плаќаат најскапа струја власта се правда дека покачувањето е „минимално” 

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании