Утрински Весник
Свет

Поранешни лидери ги повикаа Г7 да помогнат во вакцинирањето на најсиромашните

Поранешни лидери ги повикаа Г7 да помогнат во вакцинирањето на најсиромашните
Dik 300x250 mk

Повеќе од 100 поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Г7 да платат две третини од 66 милијарди долари потребни за вакцинирање против коронавирус во најсиромашните земји.

Во писмото, до кое „Гардијан“ имаше пристап, се предупредува, пред самитот на Г7 во Лондон, в петок, дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да ја направат оваа година „пресвртница во глобалната соработка”.

Се посочува дека помалку од два проценти од луѓето во субсахарска Африка примиле вакцина против коронавирусот и дека во Велика Британија, 70 проценти од популацијата досега примиле барем една доза од вакцината.

Меѓу потписниците на писмото се поранешните британски премиери Гордон Браун и Тони Блер, поранешниот генерален секретар на ООН, Бан-Ки-мун и 15 поранешни африкански лидери. Потписниците на писмото наведуваат дека анкетите покажуваат дека јавноста го поддржува нивното барање.

Истражувањето, нарачано од хуманитарната организација „Спаси ги децата“, покажа дека 79% од луѓето во Велика Британија сметаат дека Г7 треба да плати за вакцинацијата за најсиромашните, со цел светот да биде безбеден.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил