Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Поранешни вработени ја тужат Ким Кардашијан Вест поради неисплатени плати

Поранешни вработени ја тужат Ким Кардашијан Вест поради неисплатени плати
Img 7972

Седум поранешни членови на персоналот во вилата на Ким Кардашијан Вест во Хидн Хилс поднесоа тужба против неа.

Тие тврдат дека им должи неколку плати и дека задржувала 10% од нивните плати за данок.

Судскиот спор започна во Лос Анџелес во понеделникот. Во тужбата се наведува дека Ким одбивала да им плати за прекувремена работа и ги принудувала да работат без паузи за оброк во нејзината вила од 60 милиони долари, пренесува весникот „Њујорк пост“.

Еден 16-годишен поранешен вработен тврди дека бил принуден да работи над 48 максимално дозволени часови за малолетен летен вработен, додека друг тврди дека бил отпуштен веднаш штом изразил загриженост во врска со данокот и прекувремената работа.

Френк Ким, од адвокатската канцеларија „Ким Лигал“, ги застапува поранешните вработени во случајот и посочи дека наскоро ќе бидат преземени понатамошни правни дејствија.

Според него, неисплатени плати, или како што рече, кражба на плати, и други повреди на работното место се широко распространет проблем во Лос Анџелес.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември