Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Поранешниот Ф1 возач Мазепин и неговиот татко на „црната листа“ на ЕУ

Поранешниот Ф1 возач Мазепин и неговиот татко на „црната листа“ на ЕУ
300x250 opst2

Сега веќе поранешниот Ф1 возач, Никита Мазепин се приклучи на неговиот татко, милијардерот Дмитриј Мазепин на листата на санкционирани личности од Европската Унија, неколку дена откако беше отпуштен од американскиот Ф1 тим Хас.

Ова значи дека 22-годишниот Мазепин, дури и да го заддржеше место во тимот, немаше да може да настапува во трките во Европската Унија. Во објаснувањето на ЕУ се вели дека милијардерот Дмитриј Мазепин, роден во Белорусија, е „член на најблиското опкружување“ на рускиот претседател Владимир Путин, додека Никита Мазепин „е поврзан со водечки бизнисмен во сектори кои носат значителни приходи на владата на Руската Федерација“.

Постариот Мазепин најави организирање на посебна фондација со која ќе им се помогне на руските и белоруските спортисти кои се казнети од интернационалните федерации. Местото на Никита Мазепин во Хас веќе е пополнето со данскиот тркач, Кевин Магнусен.

> Поранешниот Ф1 возач Мазепин и неговиот татко на „црната листа“ на ЕУ <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН