Утрински Весник
Свет

Поранешниот премиер на Судан почина од коронавирус

Поранешниот премиер на Судан почина од коронавирус

Поранешниот премиер на Судан, Садик ал-Махди (84), почина од последиците на коронавирус.

Тој почина три недели по хоспитализацијата во Обединетите Арапски Емирати, соопштија неговото семејство и партијата Ума.

Махди беше последниот демократски избран премиер, кој со воен удар во 1989 година беше соборен од власта, а на негово место дојде доскорешниот претседател Омар ал-Башир, пренесе „Ројтерс“.

Махди ја предводеше умерената партија Ума и остана влијателен политичар, дури и откако Башир беше симнат од власт во април минатата година.

Семејството на Махди минатиот месец соошти дека тој бил позитивен на Ковид-19 и бил пренесен на лекување во ОАЕ, неколку дена по краткиот престој во болница во Судан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија тврди дека елиминирала локален командант на Хамас

Во поплавите во Виетнам за една недела загинаа над 90 луѓе

Во Женева почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина