Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, е вратен во затвор.
Коен (53) ги тужеше претставниците на федералните затвори, меѓу кои и главниот обвинител Вилијам Бар, велејќи дека тој бил вратен во затвор за да го спречат да објави книга за неговите искуства со Трамп.
Сепак, обвинителите тврдат дека причината е тоа што тој одбил да потпише договор за условите за куќен притвор, а не затоа што планирал да објави книга.
Судското рочиште, на кое ќе се одлучи дали биле повредени уставните права на Коен кога бил вратен во затвор ќе се одржи денеска, пренесува АП.
Коен беше испратен дома во мај да ја издржува казната, додека властите се обидуваа да го забават ширењето на коронавирусот во федералните затвори.
Тој отслужи една од трите години на кои беше осуден откако се изјасни за виновен за обвиненија за финансирање на кампањата и лажење пред Конгресот.