Утрински Весник
Свет

Поранешна судијка осомничена за убиството на претседателот на Хаити

Поранешна судијка осомничена за убиството на претседателот на Хаити

Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жовнел Моиз е и поранешната судијка на Врховниот суд, Вендел Кок Тело, за која тврдат дека се сретнала со колумбиските платеници кои го извршија убиството на претседателот.

Властите издадоа налог за апсење на судијката, која беше отстранета од функцијата во февруари оваа година, кога Моиз објави дека е планиран државен удар против него.

Колумбиските платеници и двајца Американци од Хаити, кои беа уапсени по убиството на 7 јули, признаа дека се сретнале со Кок Тело, пренесува „Ројтерс“.

„ Неколку од нив изјавија дека се во нејзината куќа и ги доставија документите потпишани за време на тие состаноци во полиција“ изјави портпаролот на хаитската полиција, Мари Мишел Верија.

Се уште има многу отворени прашања во врска со атентатот врз претседателот на Хаити, меѓу другото, како убијците успеале да го поминат обезбедувањето во куќата на Моиз, а еден од највисоките функционери на неговата администрација е уапсен под сомнение дека соработувал со убијците.

Можете да прочитате

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети

Протести „Без кралеви“ низ САД

Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина