Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Поранешна борачка ја тужи Хали Бери дека не ѝ дала улога во нејзиниот филм

Поранешна борачка ја тужи Хали Бери дека не ѝ дала улога во нејзиниот филм
Img 7972

Хали Бери е именувана во тужба што ја поднесе поранешната борачка на UFC, Кет Зингано, која бара отштета од Бери во врска со новиот филм – режисерско деби на познатата актерка.

Зингано тври дека Бери не го исполнила своето ветување дека ќе ѝ даде улога во претстојниот филм на „Нетфликс“, Bruised. Како резултат на тоа Зингано, наводно, пропуштила други профитабилни можности за кариера.

Зингано (39) наведува дека оскаровката (55) се сретнала со неа во јули 2019 година за проектот, според правните документи до кои дојде порталот „ТМЗ“.

Професионалната борачка тврди дека Бери ѝ рекла дека би сакала таа да биде вклучена во филмот – во кој Бери покрај тоа што ќе ја има главната улога, истиот и ќе го режира – и да го задржи нејзиниот календар отворен за продукција на филмот.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 септември 2025 година

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените