Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Поранешна асистентка на Мерилин Менсон го тужи за наводен сексуален напад

Поранешна асистентка на Мерилин Менсон го тужи за наводен сексуален напад
300x250 opst2

Поранешната асистентка на Мерилин Менсон го тужи музичарот за наводен сексуален напад, насилно однесување и вознемирување.

Ешли Волтерс поднесе тужба против осрамотениот рокер кој во последните месеци се соочува со неколку обвинувања за сексуален напад. Таа тврди дека Менсон „ја користел својата позиција на моќ како славна личност за да ја експлоатира и виктимизира во текот нејзиното вработување“.

Поранешната асистентка и нејзиниот правен тим ја поднесоа жалбата до Високиот суд на округот Лос Анџелес во вторникот и тврдат дека пејачот – чие вистинско име е Брајан Ворнер – бил „насилен“ шеф, кој често ја терал Ешли да работи 48 часа без пауза.

Во судските документи се наведува дека Ешли го запознала Менсон во 2010 година, кога таа имала 26 години, откако тој ѝ испратил порака на MySpace за да ѝ каже дека му се допаѓа нејзината работа.

Можете да прочитате

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците