Утрински Весник
Свет

Поранешен шеф на британската армија: Путин не постигна многу, му треба победа во Донбас

Поранешниот командант на британската армија, пензионираниот генерал Ричард Данат во интервју за Sky News ја коментирал ситуацијата во Украина.

Тој вели дека решавачката битка во моментов се води во регионот на Донбас во источна Украина, додавајќи дека борбата за градот Северен Доњецк се интензивира.

„Владимир Путин досега не постигна многу во оваа војна и затоа многу силно чувствува дека мора да постигне некаква победа. Според неговиот ум, тоа веројатно значи целосна контрола над регионот на Донбас“, рече Данат.

„Иако руските сили постигнуваат мал напредок, тоа нема да им донесе победа во војната“, додаде генералот.

Зборувајќи за ситуацијата во разурнатиот град Мариупол, Данат рече: „Се очекуваше пад на Мариупол, што значи дека Русите сега ја постигнаа целта да создадат копнен коридор од Крим преку Мариупол до Донбас“.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада