Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Поранешен украински фудбалер доби 12 години затвор за шпиунирање во Русија!

Поранешен украински фудбалер доби 12 години затвор за шпиунирање во Русија!
300x250 opst2

Поранешниот украински фудбалер, Василиј Василенко, е осуден на 12 години затвор во Русија за наводно шпиунирање за Украина, објави московскиот суд, потврдувајќи дека деталите за случајот нема да бидат објавени на јавноста.

Василенко, поранешниот фудбалер на украинските клубови Таврија, Торпедо и Дружба од 1992 до 2001, бил уапсен во октомври 2019 година, со првично обвинение за криумчарење, но потоа бил обвинет и за шпиунирање.

Иако судот објави дека поради чувствителноста на доказите нема да се даваат детали, новинската агенција „РИА“ тврди дека тој се обидувал да купи оружје произведено во Советскиот Сојуз во 1960-тите по наредба на Украинското министерство за одбрана. Од Украина не го коментираат случајот.

> Поранешен украински фудбалер доби 12 години затвор за шпиунирање во Русија! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент