Утрински Весник
Свет

Поранешен личен лекар на тројца американски претседатели: Нешто не е во ред со Бајден

Поранешен личен лекар на тројца американски претседатели: Нешто не е во ред со Бајден

Поранешниот личен лекар на тројцата американски претседатели, Рони Џексон, е сериозно загрижен поради однесувањето на американскиот претседател Џо Бајден.

„Работев како лекар во Белата куќа за тројца претседатели. Видов што е потребно физички и психички за да се заврши работата. Во моментов можам да ви кажам дека начинот на кој Бајден се крие од јавноста е големо црвено знаме. Нешто не е во ред“, напиша тој на „Твитер“.

Здравјето на американскиот претседател е тема уште од почетокот на изборната кампања, а тоа е особено актуелно по бројните пропусти во изминатите неколку недели и неодамнешниот пад на американскиот претседател.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд