Утрински Весник
Свет

Поранешен командант на НАТО: Путин е можеби најдоброто нешто што му се случило на западната воена алијанса

Поранешен командант на НАТО: Путин е можеби најдоброто нешто што му се случило на западната воена алијанса

Поранешниот командант на НАТО Џејмс Ставридис смета дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е најдоброто нешто што се случило на западната воена алијанса.

Според Ставридис, кој беше командант од 2009 до 2013 година, тој оцени дека одлуката на Путин Русија да изврши агресија врз Украина придонесе Западот да ја зајакне својата одбрана.

Имено, тој во интервју за MSNBC се осврна и на одлуката на Германија да ги зголеми трошоците за армијата.

– Со години бев командант на НАТО. На секоја конференција, на секој состанок на високи функционери наоѓав начин да им се обратам на германската канцеларка Ангела Меркел и на тогашната германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен (сегашниот претседател на Европската комисија). Им велев: Треба да ги зголемите трошоците за одбрана. Залудно го зборував тоа четири години. За 48 часа Владимир Путин ја охрабри Германија да го удвои воениот буџет. Тоа е мудар потег на Германија – истакна Ставридис.

Тој тогаш изјави дека Путин е можеби најдоброто нешто што му се случило на НАТО.

На 27 февруари германската влада објави дека ќе создаде посебен фонд од 100 милијарди евра за армијата. Канцеларот на оваа земја Олаф Шолц најави дека воениот буџет ќе изнесува повеќе од два отсто од БДП годишно. Пред тоа, земјата ги намалуваше трошоците за војската. Како причина за претходно посоченото, Шолц ја наведе националната безбедност и целосното исполнување на обврските кон НАТО.

Ставридис изјави за Њујорк Тајмс на 4 февруари дека воспоставениот глобален систем наликува на долго користен автомобил кој е застарен, но може да се поправи.

– Но тој автомобил е се уште на пат, се движи по патот и иронично е што Владимир Путин направи најмногу за него – додава тој.

За пензионираниот генерал тешко дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје, а тој истакна дека НАТО е супериорен во однос на руската армија во сите сегменти.

Како што рече, Русија нема да предизвика директен конфликт со НАТО.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни