Утрински Весник
Свет

Поранешен командант на НАТО: Западот мора да се подготви за војна

Dik 300x250 mk

Се пoбројни се реакциите на вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трус која порача дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, пренесуваат агенциите во светот.

Поранешниот заменик командант на НАТО за Европа, генерал Ричард Ширеф, изјавил дека тоа е „апсолутно вистинскиот пристап“.

„Таквиот пристап треба да биде придружен со значителни ресурси. Ова треба да се направи правилно, преку Алијансата како целина“, изјавил Ширеф за Би-Би-Си.

Генералот Ширеф предупредил дека рускиот претседател Владимир Путин на тоа би можел да одговори со агресија, но посочил дека ескалацијата е неопходна за да се покаже дека Западот е сериозен.

„Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин, бидејќи на крајот Путин ја почитува само силата“, заклучил генералот.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа