Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Поранешен германски канцелар: Путин сака да преговара за решение за Украина

300x250 opst2

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој е и пријател на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека шефот на Кремљ сака да преговара за решение на војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

– Добрата вест е дека Кремљ сака договорено решение. Првиот успех е договорот за житото, кој можеби полека може да се прошири до прекин на огнот – рече Шредер.

Тој додаде дека минатата недела се сретнал со Путин во Москва.

Да потсетиме, Русија и Украина постигнаа договор за деблокирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море, а во Турција синоќа пристигна првиот брод што превезува украинско жито на светските пазари од почетокот на инвазијата.

Поранешниот германски канцелар порача дека решението за важните прашања, како што е Крим, треба да се најде со текот на времето, во следната генерација. Тој предложи модел на швајцарски кантон за иднината на регионот Донбас, додавајќи дека ќе треба да види дали Путин ќе се врати на предвоената контактна линија во прекинот на огнот.

Инаку, Шредер ја критикуваше војната во Украина, но не го осуди рускиот претседател Владимир Путин, кој го нареди нападот на 24 февруари, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД