Утрински Весник
Спорт

Поранешен асистент на Гвардиола: Ако ја изгуби довербата од фудбалерите, ќе си замине

Гвардиола: Тотенхем се вториот најдобар тим во Европа, имам високо мислење за Почетино (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 4 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот асистент на Пеп Гвардиола, Доменех Торент изјави дека екс тренерот на Барселона и Баерн Минхен ја напушта својата работа кога ја губи довербата од своите фудбалери.

Медиумите во Англија пишаа дека Пеп ќе започне да размислува за уште еден потег и „ќе бара нови работи“ кога ќе ја изгуби целосната поддршка од своите фудбалери.

Причината е дека ова е од витално значење за стратегот.

Тренерот на Сити никогаш не престојувал премногу долго во една од неговите екипи, а сега се ближи до крајот на својата четврта сезона на „Етихад“.

Не се очекува Сити да игра во ЛШ следните две години по казната од УЕФА, но „граѓаните“ ја обжалија одлуката на европскиот штаб.

Според Торент, Пеп е најдобар кога сите околу него мислат како него. Ако 49-годишниот тренер смета дека ситуацијата околу него не е добра, најверојатно ќе го напушти Островот, вели Торент.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја