Утрински Весник
Свет

Пораз на Украинците кај Северодонецк

Руските сили продолжија да го напаѓаат подрачјето околу Северодонецк во источна Украина со тешка артилерија и ракети, соопшти утрово украинската армија.

Главниот штаб на украинската армија призна дека нивните сили претрпеле пораз во населбата Метолкине, југоисточно од Северодонецк, клучен град во областа Луганск, кој Русите се обидуваат да го освојат со недели.

Русите тврдат дека многу украински бранители се предале

„Непријателот постигна делумен успех благодарение на тешкиот артилериски оган и пешадискиот напад“, соопшти синоќа украинската армија.

Серхи Хаидаи, украинскиот гувернер на областа Луганск, на својот „Телеграм канал“ објави за „тешките борби“ во Метолкине.

Повикувајќи се на проруските сепаратисти, руската новинска агенција Тасс објави дека „многу украински борци се предале во Метолкине“.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни