Утрински Весник
Спорт

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Црногорецот Игор Вукчевиќ го напушти косовскиот ФК Лапи по само 14 дена и 15 одиграни минути.

dobivaj vesti na viber

Како што пишуваат црногорските медиуми, Вукчевиќ побарал раскин на договорот поради транспарентот што се појави на трибините во Приштина на реваншот меѓу Будуќност и Лапи во квалификациите за конференциската лига.

„Вие сте следни“, пишувало на транспарентот на кој стоела карта на поделената Црна Гора, поради што заминал 22-годишниот напаѓач.

Натпреварот заврши 2:2, Вукчевиќ на теренот мина 15 минути, а Будуќност продолжи во следната рунда поради победата 2:0 во првиот натпревар.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина