Утрински Весник
Македонија

Поради стереотипни и дискриминаторски содржини, МОН го повлече учебникот за петто одделение по македонски јазик

Ревизијата на спорните учебници по социологија ќе го чека формирањето на Комисијата по 1 јуни

Министерството за образование и наука соопшти дека го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“ велат од МОН, потенцирајќи дека продолжуваат со силни реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.

Од МОН исто така информираа дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Мета.мк претходно пишуваше за спорните учебници по социологија за II, III и IV година гимназиско образование во кои имаше примери дека хомосексуалноста е девијантно однесување, како и за тоа дека ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”