Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).
Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар во 17:50 ч. и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 18:50 ч, како и на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно, односно превој Плетвар од 20:35 ч.
Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.
Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.
Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.