Утрински Весник
Македонија

Поради семејна прослава, кривична пријава за две лица од Куманово

26 годишно момче од Албанија паднало од балкон во Кичево

На две лица од Куманово им беше изречена кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19. Тие пред нивната семејна куќа организирале семејна прослава на која присуствувале 30 луѓе.

Од СВР Куманово информираат дека е поднесена кривична пријава против лицата Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.

На 26.12.2020 пред семејната куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик и мерките за заштита од Ковид-19 донесени од Владата.

Можете да прочитате

СДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајки

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем

Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи