Утрински Весник
Македонија

Поради надградба на системот не е во функција наплаќањето преку смс порака за зонско паркирање

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, известува дека, поради надградбата на системот за зонско паркирање кое се врши моментално, а со цел подобра и поефикасна услуга за корисниците, денес, 3.8.2022 година, не е во функција наплаќањето преку смс порака.

dobivaj vesti na viber

Односно смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не се во можност да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, како давател на услугата.

„Поради ова, ги молиме корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Работиме на тоа – во најбрз можен рок да биде ставен во функција надградениот систем, со што на корисниците ќе им биде достапна поефикасна услуга. За достапноста на овој поефикасен систем, навремено ќе биде известена јавноста преку средствата за комуникација“, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов

УХМР издаде „жолт хидроаларм“: Поплави и излевање на реки можни во пола Македонија