Утрински Весник
Економија

Поради можно присуство на штетни материи, ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија

Поради можно присуство на штетни материи, ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија

Љубљана, 13 март 2020 (МИА) – Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради присуство на недозволени материи.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.

За сега не се соопштува за какви штетни материи се работи, но на известувањето пишува дека ајварот е произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија.

Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија. ав/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ