Утрински Весник
Македонија

Поради мерките за заштита од КОВИД-19 градскот пазар во Делчево денес без посетители

Поради мерките за заштита од КОВИД-19 градскот пазар во Делчево денес без посетители

Делчево, 21 март 2020 (МИА) – Празни тезги, пусти улици и почитување на мерките за заштита од вирусот КОВИД-19. Ваква беше денешната слика во Делчево, откако властите донесоа одлука за затворање на градскиот пазар за време на пандемијата од коронавирусот, поради што изостана вообичаената саботна врвулица.

Низ градот можеше да се забележат граѓани кои имале потреба од набавка на лекови во аптеките, но беа револтирани поради, како што велат, зголемените цени на одредени лекови и производи, за што како доказ ја приложија фискалната сметка.
-Во аптеките и покрај препораки на Владата се уште хронично болните си ги купуваат лековите по 200 посто покачени цени. Ако една пумпица во февруари чинеше 100 денари сега како што може да видите на фискалната сметка чини 306 денари, додека лекот Енап кој чинеше 14 денари сега се продава по 42 денари. Згора на тоа велат уште ќе бидат покачени цените. Срамота…, вели Елвира Алириза од Делчево.
Од локалните аптеки велат дека граѓанката не е информирана дека кај цените на одредени производи забележале промена по Нова година.
-Цената на конкретниот производ околу Нова година е сменета од 120 на 305 денари. Сите кои редовно ја користат може да го потврдат тоа, така што граѓанката најверојатно не знаела за оваа новина, велат од локалните аптеки.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се погласни се и реакциите околу зголемувањата на одредени цени во продавниците, за што веќе се упатени и пријави до надлежните. Како што информираат локални продавачи, деновиве на терен засилени се контролите со цел проверка на хигиенските услови во продавниците, но и контрола на заштитните цени на производите кои од неодамна поради состојбата со вирусот КОВИД-19, со одлука на Владата се заштитени. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ прават дефокус со етнички теми за да го заштитат криминалот

Утре е тежок празник – oбезглавување на Св. Јован Крстител: Стојте подалеку од сѐ што е црвено, обратете му се на светецот на вистински начин

Пронајдени 501 таблети екстази во стан во Скопје