Утрински Весник
Економија

Поради коронавирусот, „Airbnb“ воведува глобална забрана за забави во просториите што се изнајмуваат

Поради коронавирусот, „Airbnb“ воведува глобална забрана за забави во просториите што се изнајмуваат

Светски познатата платформа за изнајмување на сместувањ, „Airbnb“, поради пандемијата на коронавирусот воведе забрана за сите забава и настани во просториите што се издаваат под наем.

Како што објавија на нивната веб-страница, тие воведуваат „глобална забрана за сите забави и настани во интерес на јавното здравје“, пренесе Би-би-си.

Забраната важи за сите идни резервации и ќе остане на сила до следното наредно известување, се вели во изјавата на „Airbnb“.

Новите правила исто така предвидуваат максимум од 16 лица во сите простории што се изнајмуваат.

„Некои луѓе решија да го пренесат однесувањето од баровите и клубовите по домовите, дури и оние изнајмени преку нашата платформа. Сметаме дека таквото однесување е крајно неодговорно и не сме заинтересирани за тој вид на работење. Секој што овозможува или деозволува такво однесување не припаѓа на нашата платформа“, соопштија од „Airbnb“.

Компанијата додава дека оние што ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат законски гонети за кршење на новите правила.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена